За нас

Нашата компанија

Како и секое големо патешествие, и историјата на нашата компанија започна со визија, со одлука, а потоа и со првиот чекор. Компанијата Textura е основана од страна на двајца пријатели во 1980-тите години со желба да стане најголема компанија во Унгарија којашто се занимава со трговија на текстил. Како резултат на промените на пазарното и глобалното опкружување, компанијата, којашто на почетокот тргуваше со материјали за модна облека, премина на трговија со ткаенини за работна облека. Пријателството и стабилноста на компанијата опстанаа со децении и доживеаја низа успеси и искушенија и така, еден ден, сонот стана стварност.
Во меѓувреме се појавија други, поамбициозни соништа: ширење во регионот и присуство низ цела Европа. Нашите цели и континуираниот развој бараа стабилна оперативна рамка на компанијата, безбедна финансиска заднина, посветен и стручен персонал, како и професионално и стручно управување со компанијата. Со помош на сето ова, компанијата до 2000-тите успеа да се стекне со активни деловни партнери речиси во сите земји во Европа, а нашите подружници успеаја да започнат деловни активности во Хрватска, Романија и Чешка, коишто со нашите производи обезбедуваат два други големи пазари, полскиот и словачкиот. Големината на нашата компанија нѐ прави еден од најголемите трговци со ткаенини за работна облека на територијата во Средна Европа.
Нашата посветеност и виталноста на компанијата најдобро ги одразува фактот дека набргу откако се претставивме на пазарот, успеавме да прераснеме во водечка фирма на хрватскиот и на романскиот пазар, а секако дека тоа ќе ни биде цел и кај нашите северни соседи.
Во текот на нашата историја која е подолга од две децении, во светот се случија низа промени. Падна Железната завеса, се прошири глобалниот пазар и се создаде Европската Унија. Кина не само што стана клучен играч на светските пазари, туку стана и голема сила во секој поглед; а ние доживеавме неколку помали или поголеми финансиски светски кризи. За време на сите овие случувања, Textura не ги изгуби своите цели, ниту својата стабилност; всушност, имајќи ги постојано пред себе потребите на нашите купувачи, компанијата беше во можност постојано да се приспособува, да се развива и да се шири.
Црпевме сила од нашите успеси во минатото за да ги оствариме нашите соништа врз основа на посветеноста и стручноста на нашиот персонал.

kвалитет

Зошто ни е важен квалитетот?

За Textura, квалитетот најпрвин е значаен затоа што тој му е од особено значење на купувачот, а потоа и поради нас самите. Ние ги цениме како нашите купувачи, така и нашите производи; и токму поради овие причини, целосно сме посветени на обезбедување квалитетни производи и услуги. Отворивме наши сопствени подружници во неколку земји за да можеме да ги понудиме нашите услуги директно, во согласност со највисоките стандарди.
Според нас, квалитет не подразбира само производи со беспрекорен квалитет, туку и посветен персонал и стручност коишто компанијата ги собира и пренесува од една на друга генерација персонал повеќе од две децении.
За да можеме да ги задоволиме како очекувањата на нашите купувачи, така и нашите сопствени очекувања, ние го следиме животниот циклус на суровините, од конец преку производство и транспорт, па сѐ до испорака на крајниот производ до нашите купувачи. Тоа значи дека нашата компанија работи само со конец и материјали со беспрекорен квалитет, коишто постојано подлежат на контроли и тестирања.
Со цел да го обезбедиме истиот извонреден квалитет при секоја една испорака, ние ги стандардизиравме и постојано ги развиваме нашите постапки.
Нашите материјали се изработени во согласност со европските стандарди, што може да се види ако кликнете тука.

Кои фактори влијаат врз квалитетот на ткаенината за работна облека?

Кога станува збор за ткаенини за работна облека, квалитетот зависи од многу фактори заедно. Стабилноста на бојата е многу важен фактор, исто како и беспрекорната завршна обработка, недопрената амбалажа или пак, превозот на стоката без притоа да настане какво било нејзино оштетување.

БОЈА

Една од нашите најважни задачи е одржување постојаност на боите на нашите ткаенини. Клучен фактор при обезбедувањето на постојаноста на бојата е поседување машини за постојано бојадисување. Нашите текстилни производи се бојадисуваат исклучително со машини за постојано бојадисување, на тој начин, постојаноста на бојата е секогаш совршена при секоја испорака.
Во нашиот систем има речиси 2000 бои PANTONE TEXTILE. Токму поради тоа, без разлика на степенот на сличност помеѓу одредени бои, две ролни со различна боја секогаш имаат различен број на артикл, затоа што сме во можност да водиме евиденција за дури 2000 варијанти на бои за еден производ.

Прилагодени бои

Кога станува збор за боите, нашите купувачи честопати имаат свои желби. Во таков случај, наша задача е не само да ја произведеме бојата, туку и да ја зачуваме за да можеме подоцна да ја користиме. Благодарение на тоа, истата боја може бргу и лесно да се подготви повторно, дури и неколку години подоцна. После втората или последователната нарачка, од архивата може да се добие точната формула за добивање на бојата.

АМБАЛАЖА

Зошто би го нагласувале толку многу беспрекорното производство на нашите производи ако би ризикувале нивно оштетување во текот на превозот?
Благодарение на прецизниот развој и стандардизацијата на процесот на пакување, како и на деталните насоки за пакување коишто им ги даваме на нашите партнери, квалитетот на компанијата Textura на којшто се навикнати нашите купувачи може оддалеку да се препознае.

Најважни работи во врска со амбалажата и спецификациите за превоз на материјал:

Полифолија: Полифолијата е особено цврст, но истовремено флексибилен материјал што овозможува заштита на материјалот од какво било оштетување во текот на превозот.
Картонска цевка: Внатрешниот дијаметар од 30 до 50 мм и дебелината на ѕидот од 5 мм овозможуваат едноставно намотување со лост на масата за сечење и не дозволуваат деформирање на цевката под тежината на материјалот.
Баркод : Етикетите со баркодови ги даваат потребните информации за идентификација на ролните.

На какви тестови подлежат материјалите што ги продаваме?

  • Тестови Innovatex за состав и структура на материјалот
  • тестови за цврстина (цврстина при кршење, цврстина при кинење, цврстина на рабови итн.)
  • тестови за трајност на боја (на светлина, при перење, триење, потење, хемиско чистење, на плунка, итн.)
  • тестови за промена на димензии
  • тестови за деформирање на површината и тестови на издржливост (отпорност при виткање, водоотпорност, пропустливост на воздух, создавање набори, тест за усукување, отпорност на абење итн.)
  • тестови за отпорност на пламен
  • хемиски тестови (содржина на загадувачи, забранети средства за бојадисување коишто предизвикуваат алергии, конзерванси, средства за гаснење пожар, итн.)

Заштита на околината

Заштитата на нашата околина е во интерес на нашите деца, но истовремено е и задача за којашто сите мора да се грижиме. Задоволувањето на принципите за заштита на околината во текстилната индустрија може во голема мера да ги намали негативните последици коишто индустријата ги остава врз околината. Од самиот почеток, ние постојано работиме на утврдување на негативните влијанија на нашата компанија врз околината и воведуваме конкретни мерки за нивно намалување.

Што може да направи компанија во текстилната индустрија за да го намали степенот на нејзиното загадување на околината? Може

  • да го сведе на минимум обемот на отпадните води (повторна употреба, обработка)
  • да го намали загадувањето на воздухот со намалување на емисијата на загадувачи
  • да го намали испуштањето на отпад
  • да ги намали индиректните фактори на оптоварување (намалување на загадувањето коешто произлегува од различни задачи поврзани со превозот и амбалажата)
  • да го сведе на минимум оптоварувањето со бучава

Компанијата Textura посветува големо внимание на соработка исклучиво со партнери кои поседуваат сертификат Oeko-Tex. Овој независен меѓународен институт за доделување сертификати врши анализа на материјали и ревизија на процесот на производство.

Подрачја на анализа и ревизија:

  • употреба на незаконски материјали
  • употреба на регулирани законски материјали
  • анализа за откривање познати штетни супстанции
  • проверка на други аспекти што влијаат врз човековото здравје.

Текстилна екологија

Текстилната екологија се занимава со четири области. Тие се: производство, влијание на човекот, квалитет на намена на материјалот и обработка на отпад

  • Во областа на производството, таа врши проценка на влијанието што производството на текстил или облека го имаат врз околината и луѓето. Ова вклучува безбедност на работно место, енергетска ефикасност, но и изложеност на бучава и прашина.
  • Едно од подрачјата на човечката екологија се фокусира на луѓето за да се одреди какво влијание имаат материјалите и облеката што се користат за нивно производство врз луѓето.
  • Подрачјето што се занимава со квалитетот на намената на материјалот го проценува влијанието што перењето, чистењето и зачувувањето на текстилот го имаат врз околината.
  • Областа за обработка на отпадот на крајот од постапката се занимава со прашањето што се однесува на разни методи за отстранување и рециклирање на текстилот на еколошки прифатлив начин.

Заедничка општествена одговорност

  • Областа заедничка, или корпоративна општествена одговорност постои од 1960-тите години. Во тоа време, компаниите започнале да ги идентификуваат
  • засегнатите страни врз кои влијаела нивната активност, па сами ги одредиле влијанијата.
  • Како одговорна компанија, Tekstura постојано посветува внимание и вложува напори за усогласување на интересите на нашите купувачи, персоналот, партнерите и околината. Нашата заедничка општествена одговорност ги опфаќа следниве подрачја:
  • Усогласување со законот. Нашата компанија има свои подружници во неколку земји и има купувачи и деловни партнери во неколку десетици земји. Нашите деловни активности ги почитуваат како меѓународните, така и локалните закони и истото го очекуваме и од нашите партнери. Најважни законски документи се законите за трговија, законот за работни односи, законите коишто се однесуваат на заштита и безбедност на здравјето на работно место, како и пишани и непишани правила на деловна етика.
  • Персоналот на компанијата Textura потекнува од различни земји и различни културни и јазични подрачја. Оваа разновидност носи единствени вредности и животни перспективи во нашата компанија. Сите овие разлики се спојуваат со нашите заеднички цели, што ѝ дава посебен карактер на нашата компанија.
  • Ние веруваме во принципот на третман на еднаквост. Во нашата компанија нема дискриминација врз основа на расна припадност, полова припадност, брачен статус или верска определба.
  • Најголемата вредност во нашата компанија се нашите вработени. Сите наши вработени имаат работно место со јасно дефинирани работни задачи и тие ги знаат и разбираат целите на нивната работни задачи. Нивниот развој е помогнат со обуки, службени патувања за развој на кариера и постојани повратни информации.
  • Во компанијата Textura, не само што вратите се ширум отворени, туку и меѓусебната комуникација на нашиот персонал. Системот за видеоконференции помага во комуникацијата помеѓу подружниците и како резултат на ова, бројот на деловни патувања се намали, што за возврат доведува до помали негативни последици на компанијата врз околината.
  • Постојано преземаме чекори за заштита на околината. Најважните подрачја на коишто се концентрираме се:
    • употреба на рециклирана хартија
    • рециклирање на хартија
    • рециклирање на амбалажа ПЕТ (полиетилен терефталат)
    • осветлување со употреба на сензори на движење
    • употреба на штедливи системи за осветлување
    • употреба на штедливи компјутери
    • еколошки прифатливи превозни средства опремени со современи мотори
    • охрабрување на користење јавен превоз и заедничко патување со автомобил
    • намалување на деловните патувања
    • При изборот на партнери за набавка, сакаме да се осигуриме дека ги делиме истите вредности. При склучување договори со нив, нѐ водат принципите на праведни практики и долгорочна соработка во секој поглед. На нашите трговските кредитори им исплаќаме навремено во секоја прилика